ЧПП

Најчесто поставувани прашања и нивни одговори

Се обврзуваме да ги штитиме сите податоци и информации што вие сте ни ги довериле. Никогаш нема да ги комерцијализираме вашите лични податоци или да ги делиме со трета страна, се додека за тоа не ве консултираме вас и додека не добиеме ваша дозвола.
Вашите лични податоци ќе се користат единствено за:
• да се пополни нарачката;
• да се персонализира пораката што ќе ви ја испратиме;
• да се направат статистички анализи за подобрување на сајтот и услугите;
• да се објави содржина која лично вас ќе ве интересира;
• да испратиме каталог лично до вас (ако сте дале согласност за да ви го испаратиме).
Нашиот тим ќе врши истражувања со намера да се подобрат контактите со купувачите, како и да се приспособиме на барањата на купувачите.
каталогот ќе ви го испарќаме единствено ако вие дадете согласност за тоа. Во некои пригоди телефонски ќе ве известиме за некоја новина што би можела да биде интересна за вас.

Сите наши производи имаат гаранција 1 година во однос на сервис, одржување или замена на оштетениот производ. Ако производот е оштетен и подлежи на гаранција, ве молиме да ни се обратите (телефонски или преку e-mail) и ние ќе ја извршиме поправката или замената на производот во најкраток можен рок. Како доказ за гаранцијата, потребно е да ја приложите сметката.

Поштарината се пресметува според ценовникот на ЈП “Македонски пошти” и според вредноста на производот. Се плаќа при преземањето на производот. Доколку сакате пратката да ви биде доставена по ЕМС-брза пошта, поштарината чини 130 денари за Скопје, а 190 денари за пратки низ државата за тежина до 1 кг .

Испораката на производите ја вршат ЈП “Македонски пошти”. Нарачката може да ви биде доставена со редовна или ЕМС-брза пошта. Со редовна пошта, нарачаниот производ ќе пристигне во вашето место за 2 до 3 дена од денот на нарачување, за што ќе бидете известени со картичка. Исто така, постои можност производот да ви биде доставен на домашна адреса по ЕМС-брза пошта.
Поштенските трошоци во редовната пошта се пресметуваат според ценовникот на ЈП “Македонски Пошти“, вклучувајќи и 3% од вредноста на производот.
Доколку производот го имаме на залиха, ќе ви биде испорачан за 2 до 3 дена од датумот на нарачување. Доколку се случи производот што го барате да го нема на залиха, ние ќе ви известиме кога ќа биде достапен за купување. Сите информации за залихата на производите ќе ги добиете на телефонскиot број 02/32 36 666.
Производот може да се купи и од нашata продавница на адреса:
Б.Ц. Палома Бјанка, ул. Васил Главинов 16/6-1000 Скопје.

Нарачаниот производ може да се плати со готовина или со чекови од тековна сметка. Цената на производот може да се плати на следните начини:
-во готовина ( за плаќање во готово не е предвиден попуст) ;
-на повеќе рати со чекови:
• износ до 2000 денари- во готово ;
• износ од 2000-5000 денари – на 2 рати ;

Нарачувањето може да се врши единствено на нашиот телефон: 02/321 7772 и тоа по 24 дневно, 7 дена во неделата. Можете да ги нарачувате оние производи кои се достапни на Листата на производи. Сите производи од оваа листа се достапни до конечната распродажба. Нивните цени на веб-страницата се прикажани во денари и во цената е вклучен ДДВ.
Покрај цената на производот, купувачот има обврска да ги плати и поштенските трошоци, пресметани според ценовникот на Македонски Пошти. Го задржуваме правото да ги промениме цените без претходна најава
Откако ќе ја примиме вашата нарачка, производот ќе ви го доставиме по пошта.

Најнови производи

1.890,00ден.
1.890,00ден.
2.690,00ден.
ПЕСТ РЕЈЕКТ е систем кој што со сигурност ке го реши вашиот проблем со стаорци,
2.690,00ден.
2.690,00ден.
1.990,00ден.